Tuesday, May 14, 2013




Анатомија на срце 


Срцето е главен орган на системот за крвоток. Тој е шуплив мускулен орган, сместен во предниот дел на средноградието (mediastinum) обвиткано со својата ќеса (pericardium). Поставено е косо, одозгора надолу, наликува на тристрана пирамида со базата свртена наназад, нагоре и надесно, а врвот нанапред, надолу и налево. Напред, поради стернумот, се наоѓа десната комора со а.pulmonalis, a левата комора со аортата позади и лево. Срцето со коренот на големите крвни садови се наоѓа во срцевата кеса (перикард), која има два листа, од кои надворешниот е подебел а внатрешниот потанок и навлегува во срцевиот мускул (епикард). 

Срцевиот зид е изграден од три слоја: внатрешен, среден и надворешен. Внатрешноит слој или ендокард (endocardium) е слој од ендотел под кој мускулните снопови формираат издигнувања во вид на гредички или столб. Средниот слој миокард (miocardium) е мускулен слој и е најдебел. Надворешниот слој или епикард (epicardium) е составен од епител, сврзно ткиво и масно ткиво. 
Со надолжната преграда срцето е поделено на лева и десна половина, па клиничарите го именуваат како десно и лево срце. Така срцето има четири шуплини – две преткомори (atrium), лева и десна, меѓусебно потполно одвоени со преткоморска преграда (septum interatrialis), и две комори (ventrikulus), лева и десна одвоени со коморска преграда (septum interventricularis). Десната преткомора (atrium dextrum) ја прима венската крв преку две шупливи вени, горна и долна, како и венска крв од самото срце преку венскиот синус (sinus coronarius). Десната преткомора комуницира со десната комора преку десен преткоморно коморен отвор. На отворот се наоѓа трилистен залисток кој го спречува враќањето на крвта во преткомората. На коморната страна од залистоците се припојуваат тетивните влакна од папиларните мускули. Десната комора (ventriculus dexter) наликува на тристрана пирамида со базата свртена кон преткомората. На нејзината база се наоѓаат два отвора, едниот е атриовентрикуларен отвор, а другиот е отворот на белодробното стебло. На него се наоѓаат три полумесечести злистоци кои го оневозможуваат враќањето на крвта во десната комора. 
Од десната комора излегува белодробното стебло кое ја носи крвта во белите дробови. Левата преткомора (atrium sinistrum) ја прима артериската крв од белите дробови преку четирите белодробни вени. Преткомората комуницира со левата комора преку лев преткоморнокоморен отвор, на кој се наоѓа дволистен залисток. Левата комора (ventriculus sinister) на базата има исто така два отвора. Едниот е левиот атриовентрикуларен отвор, а друѓиот е отворот за аортата, снабден со полумесечести валвули. Од левата комора тргнува аортата која ја разнесува крвта по целото тело. 
Функционално, десната преткомора и комората прават една целина, како и лавата преткомора со комората. Коморите и преткоморите меѓусебно се поврзани со преткоморски-коморски отвори, кои во моментот на срцевото мирување (дијастола) се отворени, а во текот на срцевата контракција (систола), затворени со помош на вавули. Од десната страна се наоѓа трикуспидалниот валвуларен апарат, кој се состои од фиброзен прстен, три листа, хорди и папиларни (валавуларни) мускули. Од левата страна исто така постои сличен апарат, само тој има два листа и се нарекува митрална валвула. Валвулите спречуваат крвта да се врати во преткоморите за време на контракцијата на коморите. Во десната преткомора се влеваат горната и долната шупла вена и вените на срцето. Кога крвта ќе помине од десната преткомора во десната комора низ преткоморнокоморниот отвор е исфрлена во а.pulmonalis. На отворите на а.pulmonalis и аортата има слични валвули, секоја од нив има три полумесечести ливчиња. Вака градени валвулите спречуваат крвта да се врати од а.pulmonalis во десната, односно левата комора. Од белите дробови крвта во левата преткомора ја донесуваат четирите белодробни вени, потоа крвта од левата преткомора низ левиот преткоморнокоморен отвор стигнува во левата комора, а оттаму преку аортниот отвор во аортата. Нормалното струење на крвта зависи од правилното функционирање на сите валвули. 
Срцето има фиброзен скелет за кој се прицврстени преткоморните мускули, коморните мускули и валвуларноит апарат. Мускулатурата на преткоморите и коморите е раздвоена, а на левата комора е подебела. Срцевиот мускул се состои од неколку слоеви различно поставени мускулни напречно пругасти влакна што му овозможува поефикасна функција. Во срцето постојат и специјализирани клетки кои ги пренесуваат електричните импулси од синусниот чвор кој се наоѓа во десната петкомора. Срцето автоматски контрахира бидејќи добива електрични импулси од синусниот чвор. Овие импулси се пренесуваат на преткоморите кои се контрахираат, оттаму импулсите се пренесуваат на преткоморно-коморниот чвор и со помош на спроводните влакна до самиот мускул кој исто така се контрахира. Електричните импулси се создаваат по пат на сложени електрохемиски процеси. Создавањето и спроведувањето на импулси доведува до настанување на слаби електрични струи кои се шират по целото тело. Електричната активност на срцето може да се регистрира на површината на телото, графички со помош на ЕКГ. Слојот на клетки кои од внатрешната страна ги обложуваат шуплините на срцето се нарекува ендокард. 
За срцето нормално да функционира неопходно е неговиот мускул да биде снабден со доволна количина крв. Срцевиот мускул добива крв преку двете коронарни артерии, лева и десна, чии устија се наоѓаат во левиот и десниот лист на аортната валвула.




Функција на срцето и крвотокот

Крвотокот може да се подели на:системска циркулација (голем крвоток) и периферна циркулациија (белодробна циркулација) т.е. мал крвток. Кардиоваскуларниот систем (КБС) ги снабдува ткивата со кислород,хранливи материи и други неопходни супстанции, а го отстранува јаглен – диоксидот и штетните продукти на метболизмот. Во текот на една минута срцето е способно да испумпа 4–6l крв, а во случај на потреби, со помош на компензаторните механизми и 4-7 пати повеќе. 
КБС претставува затвоен систем, во кој тече крв од место со поголем кон место со понизок притисок.Високиот притисок во затворениот систем на големиот и малиот крвоток го обезбедува срцето како пумпа. Покрај тоа на механизмот на регулација на крвоток влијаат и други комплицирни механизми. Во срцето левата и дсната комора, односно прткоморите,се потполно одвоени и пртставуваат две пумпи; левата пумпа спроведува крв богата со кислород од белите дробови во ткивото, додка десната пумпа ја враќа крвта во белодробната артерија. Во белите дробови се збогатува со кислород и прку четирите белодробни вени се влева во левата преткомора, а потоа преку системот на левата комора крвта е уфрлена во аортата. Потоа преку артериите и артериолите крвта доаѓа до најмалите крвни садови, ткива, капилари, каде кислородот се користи. Срцето ритмички се контрахира, срцевиот циклус го сочинуваат систолата и дијастолата. Систолата е периодот кога срцето автоматски се контрахира, се полни со крв и е пократка до дијастолата. Електричните импулси за автоматската контркција ги добива од синусниот чвор. Во дијастолата крвта од преткоморите влегува во коморите низ отворените залистоци.Така срцето добива 70 % крв кои потоа се контрахираат во преткоморите кои додаваат уште 30% волумен крв во коморите.Тоа доведува до зголемување на притисокот во коморите, доаѓа до затворање на преткоморно коморните залистоци, десно трикоспидалните, лево митралните валвуоли што го спречува врќањето на крвта во преткоморите. Во моментот на затворањето на митралниот т.е.трикуспидалниот залисток се слуша првиот срцев тон.Во еден момент двете комори се потполно затворени потоа почнува контракцијата на десната и левата комора и доаѓа до отворање на семилунарните залистоци,а. рulmonalis под нешто понизок, а во аортата под нешто повисок притисок. Постепено притисокот под кој крвта се исфрла од срцето опаѓа, се намалува и количината на крв која се исфрла. 
Во моментот кога ќе се изедначи притисокот во аортата со оној во левата комора и оној во десната комора, се затвораат семилуларните залистоци на аортата, односно а. рulmonalis и се слуша вториот срцев тон.Потоа настанува дијастола и започнува нов срцев циклус. Многу е значајно сите делови на срцето да функционираат нормално, за да срцето функционира како пумпа која непрекинато работи . Така се обезбедува нормална циркулација на крв во организмот. Во срцевиот мускул се наоѓа специфичен мускулонервен или спроводен систем.Тој е составен од два јазли и еден сноп.Во ѕидот на десната преткомора меѓу устијата на двете шупливи вени се наоѓе синусниот Keirt –Flack-oв језел,а во длабочината на десната преткомора се наоѓа преткоморнокоморниот језел на Aschoff – Tawara. Од језолот тргнува His-ов сноп кој се дели на два крака а тие завршуваат со Purkini – еви влакна во ѕидовите на коморите. Срцето е инервирано од нервовегетативниот систем, гранки од симпатикусот и гранки од n. vagus градат срцев сплет за инервација на срцето.